ЛЕ: Генк најубедлив, Лион и Селта со победи во финишот

Генк обезбеди голема предност во белгиското дерби во Лигата на Европа, откако го совлада Гент со убедливи 2-5. Овој тим е на чекор до пласман во четвртфиналето од второто по ранг европско натпреварување. Лион обезбеди солидни два гола предност против Рома, откако на домашен терен го совлада италијанскиот претставник со 4-2.

Дијакаби го доведе Лион во водство, но одговорија Салах и Фазио уште во првиот дел. Сепак, Лион имаше одлично второ полувреме, во кое постигна дури три погодоци. Толисо, Фекир и Лаказет донесоа триумф од 4-2 за францускиот тим.

All Goals & Highlights HD – Lyon 4-2 AS Roma… by Bayeo

Селта со 2-1 го совлада Краснодар, откако домашниот тим постигна победнички погодок преку Буве во 90.минута од средбата. Шалке и Борусија Менхенгладбах ремизираа (1-1) во германскиот дуел во Лигата на Европа, а со идентичен резултат заврши и мечот меѓу Олимпијакос и Бешикташ.

Резултати ЛЕ: Селта – Краснодар 2-1, Гент – Генк 2-5, Лион – Рома 4-2, Олимпијакос – Бешикташ 1-1, Шалке – Борусија Менхенгладбах 1-1.

Се вчитува...