ЛЕ: Манчестер Јунајтед со пресврт до победа во Кипар, Црвена Звезда броеше до четири за прва победа

Манчестер Јунајтед стигна до втората победа во Лига Европа откако славеше на гостувањето кај Омониа со 2-3. „Црвените ѓаволи“ имаа негатива од еден гол во првото полувреме, но преку Рашфорд и Марсијал успеаја да направат целосен пресврт (1-3). Поразот го ублажи Пајоту на пет минути до крајот на мечот.

На првата победа во групната фаза се радуваше Црвена Звезда која на домашен терен немаше проблеми против Ференцварош, славејќи со 4-1. Голеадата започна со голот на Канга, а продолжи преку Митровиќ и Катаи за веќе до 60. минута белградскиот состав да има убедлива предност која до крајот на мечот само ја убалажи гостинскиот состав.

Енис Барди и неговиот Трабзонспор го забележаа и вториот пораз во групите откако загубија на гостувањето кај Монако со 3-1. Во полза на турскиот состав не беше црвениот картон на Гомез во 11. минута, а преднсота знаеја да ја искористат домаќините. Македонскиот репрезентативец одигра 82. минути, но не успеа да му помогне на својот состав.

Во останатите натпревари ХЈК и Лудогорец одиграа 1-1, а нерешено беше и на средбата помеѓу Штрум и Лацио. Реал Сосиедад го доби гостувањето кај Шериф со 0-2, а на три бода на гостински терен се радуваше и ПСВ кој со 1-5 славеше против Цирих.

Се вчитува...