ЛЕ: Манчестер патува во Австрија, Интер на мегдан со Хетафе

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед во осминафиналната рунда во Лигата на Европа ќе се сретне со австрискиот ЛАСК Линц, одлучи денешната жрепка која се одржа во седиштето на УЕФА во Нион.

Италијанскиот гигант Интер во осминафиналето за противник го доби шпанскиот Хетафе кој во претходната фаза го елиминираше холандскиот Ајакс. Еден од најинтересните натпревари во оваа рунда ќе биде дуелот меѓу Севлија и Рома. Грчкиот Олимпијакос по елиминацијата на Арсенал повторно ќе патува во Англија каде ќе се сретне со Вулверхемптон.

ПАРОВИ 1/8 ФИНАЛЕ ЛИГА ЕВРОПА 

Башакшехир – Копенхаген 

Олимпијакос – Вулверхемптон

Ренџерс – Баер Леверкузен

Волфзбург – Шахтјор

Интер – Хетафе

Севилја – Рома

Франкфурт/Салцбург – Базел

ЛАСК – Манчестер Јунајтед

Се вчитува...