ЛЕ: Милан до сигурна победа со Славија Прага, Марсеј веќе во четвртфинале

Милан е на добар пат да обезбеди четвртфинале во Лигата на Европа, откако во првиот натпревар од осминафиналето славеше со 4-2 против Славија Прага.

Милан имаше убава предност од 3-1 уште на полувремето со головите на Жиру, Реијндерс и Лофтус-Чик, но откако противниците намалија во второто полувреме, на крај во 85. минута Пулишиќ заокружи на 4-2.

Марсеј, пак, е веќе сигурно во четвртфинале откако пред своите навивачи убедливо со 4-0 триумфираше против Вилјареал.

Фрајбург го победи Вест Хем со 1-0, а Бенфика ремизираше (2-2) со Глазгов Ренџерс.

Се вчитува...