Милан веќе е во осминафиналето од Лигата на Европа откако во првата 1/16-финална пресметка славеше убедливо со 3-0 против француски Рен на домашен терен.
Чудо треба да се случи на реваншот за да „миланезите“ не успеат да се пласираат во следната рунда натпревар од Лигата на Европа.
Милан целокупната задача на „Сан Сиро“ си ја заврши во првите 50 минути од мечот. Лофтус-Чиг најпрво погоди во 38. минута а потоа и во 48. минута, а Леао заокружи на 3-0 во 52. минута.
🇪🇺 Goal: Ruben Loftus-Cheek | Milan 2-0 Rennes pic.twitter.com/SNBEtNAv45
— FootColic ⚽️ (@FootColic) February 15, 2024
Rafael Leão scored third!
Milan 3-0 Rennes pic.twitter.com/YlSDobxTwa
— FootColic ⚽️ (@FootColic) February 15, 2024
Феноменална победа запиша и Карабах кој со 2-4 славеше на гостински терен против Брага, па исто така веќе со една нога е во осминафиналето од Лигата на Европа.
Бенфика со голот на Ди Марија во 98. минута од пенал успеа да дојде до победа од 2-1 против Тулуз.
Di Maria scored from the spot again
Benfica 2-1 Toulousepic.twitter.com/9aFSY0oQ3M
— FootColic ⚽️ (@FootColic) February 15, 2024
ЛИГА ЕВРОПА (1/16-ФИНАЛЕ) – први натпревари
Милан – Рен 3-0
Брага – Карабах 2-4
Бенфика – Тулуз 2-1
Ленс – Фрајбург 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА