ЛЕ: Партизан сам се „избриша“ од Европа… Во 92. минута во Ден Хаг ја загуби европската пролет

Белградски Партизан пропушти огромна шанса за европска пролет во Лигата на Европа откако во 5. коло од Групата Л одигра само 2-2 на гостувањето против АЗ Алкмар, и покрај тоа што се до 88. минута имаше предност и од 0-2.

Партизан дојде до предност од 0-2 уште во првото полувреме со головите на Асано во 16. минута и Сума во 27. минута. Кога се чинеше дека Партизан ќе замине со три бода, и во последното коло пред своите навивачи против Астана ќе брка второ место во групата и продолжување во ова натпреварување, домашните со два гола во финишот, и тоа со играч помалку, стигнаа до реми. Друиф со два гола, во 88. минута, по грешка на гостинскиот голман, и во 92. минута, донесе конечни 2-2 со кои Манчестер јунајтед и АЗ Алкмар во оваа група си ги обезбедија првите две позиции на табелата.


Интересно во последното коло од групната фаза ќе биде во Групата Ј, каде Рома убедливо со 0-3 славеше на гостувањето против Башахшехир. По оваа победа со 8 бода е на врвот заедно со Менхенгладбах кој победи со 0-1 на гостувањето против австриски Волфсбургер.

ЛИГА ЕВРОПА – 5. КОЛО

ГРУПА Г

Феенорд – Глазгов Р. 2-2

Јанг Бојс – Порто 1-2

ГРУПА Х

ЦСКА Москва – Лудогорец 1-1

Ференцварош – Еспањол 2-2

ГРУПА И

Ст. Етјен – Гент 0-0

Александрија – Волфсбург 0-1

ГРУПА Ј

Башахшехир – Рома 0-3

Волфсбургер – Менхенгладбах 0-1

ГРУПА К

Брага – Вулверхемптон 3-3

Бешикташ – Слован 2-1

ГРУПА Л

АЗ Алкмар – Партизан 2-2

Астана – Манчестер јунајтед 2-1

Се вчитува...