ЛЕ: Реал Сосиедад го освои „Олд Трафорд“, Барди и Трабзон со играч повеќе потклекаа во Унгарија

Отварањето на новата сезона во Лига Европа донесе возбудливи натпревари ширум Европа. Дел од фаворитите ги оправдаа очекувањата, но дел не успеаја да стигнат до трите бода во воведот на европската сцена.

Енис Барди и неговиот Трабзон не успеаја да извлечат ниту бод од гостувањето во Унгарија против Ференцварош и покрај тоа што имаа играч повеќе уште од 16. минута. Нгуен го отвори мечот во 5. минута, водство од 2-0 донесе Траоре, а откако Гомез намали на 2-1 во 39. минута до полувремето Нгуен повторно стрелаше за 3-1.

Бозок намали на 3-2 во 71. минута, а и покрај тоа што турскиот состав ја затресе мрежата за изедначување во 87. минута, голот беше понитешн поради недозволена ситуација.

Реал Сосиедад успеа со три бода да замине од „Олд Трафорд“ откако славеше со минимани 0-1. Херојот на шпанскиот состав беше Мендеж кој стрелаше во 59. минута од белата точка. Победа од 0-1 запиша и Монако кој го доби гостувањето против Црвена Звезда во Белград.

Во останатите натпревари Нант славеше со 2-1 против Олимпијакос, Лацио со 4-2 против Фејенорд. Штрум Граз со 1-0 против Митјиланд, Фрајбург со 2-1 против Карабак, а Шефиф со 0-3 на гостувањето кај Омониа.

Се вчитува...