ЛЕ: Реми на Барса и Галатасарај, Ренџерс ја згази Црвена Звезда, голеада во Бергамо

Црвена Звезда ќе мора да одигра перфектен натпревар во Белград доколку сака да се надева на следната фаза од Лига Европа откако на гостувањето во Шкотска против Ренџерс доживеа пораз од 0-3. Таверние го отвори мечот со гол од пенал во 11. минута, а само четири минути подоцна Морелос донесе предност од 2-0.

Србите имаа два поништени гола поради офсајд во првото полувреме, но трагичар е Катаи кој промаши пенал во 24. минута, а казната стигна на отварањето на второто полувреме во кое Балогун донесе предност од 3-0, а овој резултат остана на семафорот до самиот крај.

Тешка задача ја очекува и Барселона која не успеа да постигне гол на „Камп Ноу“ против Галатасарај во првиот осминафинален натпревар. Гол не постигнаа ниту Турците, но тие ќе ја имаат поддршката во реваншот кој е на програмата на 17.03.

Голедата на Бергамо проследена со пет гола заврши со победа од 3-2 за Аталанта и покрај тоа што гостите први поведоа преку Арангиз во 11. минута. До пресврт од 3-1 домаќините ги предводеа Малиновски и Муриел кои стрелаа во 23. 25. и 49. минута, а поразот го ублажи Диаби во 63. минута.

Брага пак успеа да го одбрани домашниот терен од Монако и со предност од 2-0 ќе патува на гостувањето во Франција. До победа португалскиот тим го предводеа Руиз и Оливеира.

Се вчитува...