ЛЕ: Реми на дуелите помеѓу Франкфурт – Барса, и Вест Хем – Лион, предност од еден гол за Брага

Франкфурт и Барселона ремизираа со 1-1 во првиот четвртфинален натпревар од Лига Европа па патникот во полуфиналето ќе биде познат по реванш средбата кој ќе се одигра на „Камп Ноу“.

Кнауф со еврогол во 48. минута донесе предност за германскиот состав, а Барселона израмни преку Феран Торес во 66. минута. Домаќините останаа со играч помалку во 78. минута откако Тута го доби и вториот жолт картон, но тоа не го искористија каталонците за целосен пресврт.

Реми извлекоа и тимовите на Вест Хем и Лион откако постигнаа по еден гол на мечот во Лондон. Домаќините остана без услугите на Кресвел во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме, но тоа не ги спречи први да поведат преку Бовен во 52. минута. Резултатот го изедначи Ндомбеле во 66. минута.

Предност по првиот четвртфинален натпревар помеѓу Брага и Ренџерс има португалскиот тим кој славеше благодарение на Руиз кој во 40. минута ја затресе мрежата за домаќините, a тоа беше единствениот гол на мечот.

Се вчитува...