ЛЕ: Ристовски и Адеми триумфално низ Лондон, Црвена Звезда со реми до врвот на табелата

Фудбалерите на Динамо го потврдија своето учество во следната фаза од Лига Европа откако славеа на гостувањто во Лондон против Вест Хем со 0-1. Херојот на загрепскиот тим беше Мислав Оршиќ кој во 4. минута донесе водство за својот тим, а овој резултат остана на семафорот и по последната свирка на судијата Мариани.

Македонските интернационалци Стефан Ристовски и Арјан Адеми натпреварот го започнаа од првата минута. Бекот на теренот ги помина сите 90. минута, додека играчот од средниот ред беше заменет во 71. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Црвена Звезда пак групата фаза ќе ја заврши на првата позиција во својата група откако ремизираше со 1-1 на гостувањето кај Брага во директниот дуел за врвот на табелата. Домаќините до преднсот ги донесе Галено во 52. минута, а изедначувањето за српскиот тим го донесе Катаи од белата точка во 70. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Лацио и Галатасарај ремизираа без голови на „Стадио Олимпико“ и го потврдија своето учество во следната фаза од натпреварувањето со тоа што првата позиција им припадна на Турците, додека Италијаните ги очекува потешката задача од шестнаесетфиналето.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...