ЛЕ: Севилја лесно ја реши „волчицата“, Баер Леверкузен до четвртфинале со Интер (ВИДЕО)

Севилја обезбеди пласман во четвртфиналето од Лигата на Европа откако во осминафиналната пресметка со 2-0 славеше против Рома. Пласман во четвртфиналето обезбеди и Баер Леверкузен кој и на вториот меч славеше, сега со 1-0, против Ренџерс.

Севилја до победата против „волчицата“ дојде со погодоците на Серхио Регулон во 22. минута и Ен Несири во 44. минута…


Баер Леверкузен, пак, триумфираше со 1-0 со голот на Диаби во 51. минута, па со вкупен резултат од 4-1 продолжува понатаму.

Баер Леверкузен во четвртфиналето од Лигата на Европа ќе се соочи со Интер, додека Севилја го очекува подобриот од пресметката меѓу Вулверхемптон и Олимпијакос.

Се вчитува...