ЛЕ: Судиското продолжение среќно за Алиоски, кобно за Тричковски, Рома „киксна“ во Бугарија

Отварањето на новата сезона во Лига Европа донесе возбудливи натпревари ширум Европа. Дел од фаворитите ги оправдаа очекувањата, но дел не успеаја да стигнат до трите бода во воведот на европската сцена.

Езгјан Алиоски и неговиот Фенербахче во судиското продолжение славеа против Динамо Киев со 2-1. Енрике го отвори мечот со гол во 35. минута, а овој резултат остана на семафорот до крајот на првото полувреме. Изедначување за Украинците донесе Циганков во 64. минута, а победа за Турците Батшуаји со гол во 93. минута.

АЕК Ларника на нашиот Иван Тричковски загубија со 1-2 во натпреварот против фаворизираниот Рен на идентичен начин како што славеа Фенер и Алиоски. Францускиот состав прв поведе во 29. минута, но само четири минути подоцна Ојер донесе изедначување за островскиот состав. Конечниот резултат го постави Асињон со гол во 94. минута.

Малмо и Ердал Ракип претрпе пораз од – на домашен терен од Брага. Родригез донесе водство за гостите во 30. минута, а Хорта во 70. минута го зголеми водството на 0-2.

Рома потфрли на гостувањето во Бугарија кај Лудогорец откако загуби со 2-1, додека Арсенал ја оправда фаворитската улога со триумф против Цирих со 2-1.

Во останатите натпревари Бетис славеше на гостувањето кај ХЈК со 0-2, ПСВ и Бодо/Глимт одиграа 1-1, Ројал Унион го доби гостувањето кај Унион Берлин со 0-1.

Се вчитува...