ЛЕ: ВАР ја спаси Барселона од пораз од Наполи, катастрофа на Борусија Дортмунд

Наполи и Елиф Елмас ремизираа со 1-1 на гостувањето на „Камп Ноу“ против Барселона во шестнаесетфиналето од Лига Европа. Неаполитанците поведоа први и долго ја држеа предноста во свои раце, а каталонците успеаја да изедначат од белата точка по консултација на ВАР.

Наполи поведе уште во 29. минута по одличниот дриблинг на Елиф Елмас и асистенцијата на Македонецот до Зјелински кој од „втора“ успеа да го совлада Тер Штеген, додека изедначување на каталонците донесе Феран Торес од белата точка во 59. минута.

Борусија Дортмунд пак нема по добро да го помини првиот осминафинален меч откако на домашен терен доживеа дебакл од Ренџерс кој славеше со 2-4.

Голеадата на „Сигнал Идуна Парк“ започна во 38. минута со голот на Таверниер, а три минути подоцна два гола предност за гостите од Шкотска донесе Морелос. Резултатот 0-2 остана на семафорот и на полувремето, а во 49. минута третиот гол за гостите го постигна Лундстрам.

Белингам успеа да ја намали негативата во 51. минута, но залудно бидејќи три минути подоцна Ренџерс ја врати предноста од три гола по автоголот на Загаду. Конечните 2-4 ги постави Гереиро во 82. минута.

Шериф на нашиот Бобан Николов со предност од два гола ќе патува на гостувањето кај Брага откако во Тираспол славеше со 2-0. Тил од пенал донесе предност од 1-0 во 43. минута, а Траоре во 83. минута го постави конечниот резултат.

До гостинска победа стигна стигна и Бетис кој во Санкт Петерсбург славеше против Зенит со 2-3. Гостите поведоа во 8. минута преку Родригез, а десет минути подоцна предноста ја „дуплираше“ Вилиан Жозе. Сепак Русите успеаја да ги консолидираат своите редови и со два гола во три минути преку Џуба и Малком изедначија на 2-2, но Гвардадо донесе предност од 2-3 во 41. минута.

Се вчитува...