ЛЕ: Вест Хем, Лион и Франкфурт се последните четвртфиналисти

Вест Хем, Лион и Ајнтрахт Франкфурт се приклучија на Барселона, Ренџерс, Аталанта, Брага и Лајпциг во четвртфиналето од Лига Европа откако во реванш дуелите успеаја да стигнат во важни победи за целосен пресврт или пак ја зачуваа предноста стекната по првиот натпревар.

Вест Хем стигна до целосен пресврт во натпреварот против Севилја откако негативата од 1-0 по првиот меч ја надокнади со победа од 2-0 во Лондон. Томас Соучек беше херојот од регуларниот дел откако во 39. минута ја затресе мрежата, а место во следната фаза за „чекичарите“ донесе Јармоленко со гол во 112. минута.

Лион и Порто ремизираа со 1-1, но предноста од 1-0 од првиот натпревар на францускиот тим му донесе место во следната фаза, исто како и на Ајнтрахт Франкфурт кому ремито од 1-1 против Бетис му беше доволно по победата од 2-1 во првиот меч.

Се вчитува...