Леандро Барбоса стави крај на кариерата

Бразилскиот кошаркар Леандро Барбоса ја заврши играчката кариера. Популарниот Леандрињо последните три години играше во родниот Бразил, бранејќи ги боите на Франк и Минас. Последен пат во НБА настапуваше во сезоната 2016/2017 кога беше дел од Феникс Санс.

Барбоса најдобрите партии во НБА ги имаше на почетокот на овој милениум во дресот токму на Феникс кога тимот од Аризона предводен од Стив Неш беше меѓу првите фаворити за освојување на трофејот. Сепак, иако во тој период беше избран за најдобар „6 играч“, тој до титулата успеа да стиген дури десетина години подоцна односно во 2015.

Со репрезентацијата на Бразил освои два златни медали на ФИБА Америка купот, на кој во 2007 беше и најдобар стрелец. Играше и на четири Светски првенства, како и на две Олимписки игри.

Се вчитува...