Лебон Џејмс со четири зборови го прокоментира трансферот во Далас

Гласините за можен супертим во Западната конференција кој ќе ги спои Леброн Џејмс, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг предизвикаа големо внимание во НБА јавноста, а истите сега ги проментира и самиот „Крал“.

Во изјава за американските медиуми најдобриот поентер во историјата на пренството не го потврди интересот, но и не ги отфрли гласините.

„Ќе размислам за тоа“, беше одговорот на Џејмс.

За да се реализира трејдот сепак мора да се поклопат многу фактори, пред се финансиски. Ѕвездите притоа ќе мораат да се сложат на намалување на платите со цел запазување на буџетот одреден за плати бидејќи само нивните договори ја преминуваат границата од 134 милиони определена за цел тим.

Се вчитува...