Леброн бесен на судиите: Тоа е еб*но лоша одлука

Актуелниот шампион во НБА лигата, Денвер нагетс поведе со 2-0 во четвртфиналната серија во Западната конференција во плеј-офот против Лос Анџелес лејкерс, откако доцна синоќа во неверојатен натпревар со 101-99 славеше на домашен терен.

Леброн Џејмс по мечот не се двоумеше да го коментира судењето од кое не беше задоволен. Спорна е ситуацијата на крајот од третиот период кога Мајкл Портер го удри Расел во лице, но не беше досуден фаул.

„Не знам што се случува таму каде што гледаат повторени снимки, да бидам искрен.  Ди Анџело Расел очигледно доби удар во лицето. Тоа беше еб*но лоша одлука“, изјави Леброн. 

Се вчитува...