Леброн Џејмс доминира во НБА и на 38 години (ВИДЕО)

И во 21 сезона во НБА лигата, на 38-годишна возраст легендарниот Леброн Џејмс продолжува да биде кошмар за противниците во најсилното кошаркарско првенство.

Во победата на неговиот Лос Анџелес Лејкерс со 105-104 против Портланд, „Кралот“ постигна 37 поени со реализација 14 од 19 во обидите од игра и 7 од 9 од линијата за слободни фралња на кои додаде и 8 асистенции, 6 скокови и 3 украдени топки. Притоа го реши и прашањето за победник на натпреварот, постигнувајќи ги клучните поени на 1.9 секунди пред крајот на средбата.

За Леброн Џејмс тоа беше петти натпревар оваа сезона во кој постигнува 30 или повеќе поени, а синоќниот учинок од 37 поени му е рекорд на сезоната.

Се вчитува...