Леброн Џејмс нема да го одбере новиот тренер на ЛА Лејкерс

Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс нема да биде инволвиран во изборот на новиот тренер на тимот, пренесува доброупатниот Шамс Чараниа.

По заминувањето на Дарвин Хем кој помина две сезони во тимот во светот на кошарката кружат разни шпекулации за новиот тренер. Една од нив е и дека работата му е понудена на пријателот на Џејмс, поранешниот НБА кошаркар, Џеј-Џеј Редик кој има подкаст заедно со „Кралот“, токму на сугестија на 39-годишникот, но инсајдерот ги одби одби овие шпекулации.

Покрај Редик како идни тренери на една од најтрофејните франшизи во НБА се јавуваат и Сем Касел, Џејмс Боренго и Кени Аткинсон.

Се вчитува...