Леброн Џејмс одби да носи политичка порака на дресот: Сите добро знаат за што се залагам…

Леброн Џејмс одлучи дека нема да го искористи правото во продолжението од НБА сезоната во Орландо место своето име да носи порака за социјална рамноправност и праведност.

Џејмс и соиграчите од ЛА Лејкерс стигнаа во спортскиот комплекс „Дизни ворлд“ во Орландо каде на крајот од јули ќе биде продолжена НБА сезоната.

„Не мора да имам нешто на грбот од мојот дрес за луѓето да ја разберат својата мисија или да знаат за што се залагам и поради што сум овде“ – вели Леброн пред продолжението од сезоната и дополнува дека ќе ги поддржи сите оние кои одлучиле да стават една од 29 пораки кои НБА однапред ги одобри.

„Мислам дека сето тоа е одлично, но ги поддржувам и сите оние кои не се одлучиле да носат порака“.

НБА одобри 29 пораки од кои играчите може да одберат една која ќе ја носат на дресот место своето име. На листата пораки се следните: „Црните животи се важни“, „Кажи ги нивните имиња“, „Гласај“, „Не може да дишам“, „Правда“, „Мир“, „Еднаквост“, „Слобода“, „Доста“, „Моќта на луѓето“, „Правда сега“, „Кажи го нејзиното име“, „Да, ти можеш“, „Ослободување“, „Видете не“, „Слушнете не“, „Почитувајте не“, „Сакајте не“, „Слушај“, „Слушајте не и нас“, „Исправи се“, „Сојузник“, „Антирасист“, „Јас сум човек“, „Прозбори“, „Колку уште?“, „Групна економија“, „Реформа на образованието“ и „Ментор“.

„Тоа е нешто што не ја отсликува мојата мисија, не се поклопува со моите цели. Би сакал да можев да одберам што ќе носев на дресот. Имав неколку идеи, но не бев дел од тој процес, што е во ред. Тоа не ми пречи“ – рече Леброн Џејмс.

 

Се вчитува...