Леброн Џејмс влезе во историјата на НБА со најдобра партија за Лејкерс

Леброн Џејмс ги предводеше Лејкерси до победата со 126-117 над Портланд со најдобрата партија откако е во тимот од Лос Анџелес. „Кралот“ на 3 минути и 55 секунди пред крај оствари и еден епохален подвиг.

Поентираше и избори дополнително слободно фрлање, погоди и така стигна до својот 31.420 поен во кариерата. Со тоа Леброн Џејсм го престигна Вилт Чембрлен и стана петти најдобар стрелец во историјата на НБА.

На вечната листата на најдобрите стрелци во НБА лигата пред Леброн сега се само Мајкл Џордан, Коби Брајант, Карл Мелоун и Карим Абдул Џабар.

„Благодарен сум на оваа од Бога дадена способност која максимално ја искористив. За ова се заслужни и сите мои тренери, стручниот персонал и соиграчите од моите почетоци кога почнав да играм кошарка до денес. Сето ова се сведува на напорна работа“ – изјави Лебрин Џејмс после мечот.

Топката со која го постигна историскиот поен, Леброн Џејмс нема да ја земе во својата лична колекција туку и неа и дресот во кој го оствари овој подвиг ќе им  ги подари на училиштето во кое почнал да игра кошарка.

„Кралот“ Џејмс го заврши овој голем меч со 44 поени, десет скока и девет асистенции, дополнувајќи го величествениот настап и со три блокади.

 

Се вчитува...