Леброн Џејмс во 2010 ги избра Њујорк Никс, но …

Најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс трипати стигна до трофејот во НБА лигата, а првите две титули беа со Мајами Хит каде освојуваше прстен во 2012 и 2013 година. Член на Хит Леброн стана во 2010 година кога соопшти дека го одбрал тимот од Флорида пред Кливленд каде играше седум години. Но, американските медиуми пренесуваат Мајами не бил неговиот прв избор. Леброн 2010 сакал да потпише со Њујорк Никс, но состанокот со раководството на клубот ја променило неговата одлука.

„Сите ми рекоа дека Никс биле негов прв избор. Имале состанок, Дони Волш беше во количка, Долан (сопственикот на клубот) едноставно бил Долан. Се немаа подготвено за состанокот. Се беше катастрофално“, изјави американскиот новинар, Бил Симонс. 

Џејмс се одлучи за Хит со кој освои два прстена, по што повторно се врати во Кливленд каде успеа конечно да му ја донесе на клубот од Охајо долго очекуваната титула во НБА лигата.

Се вчитува...