Леброн Џејмс: Во Мајами пораснав, но ќе играм како против било кој друг тим (ВИДЕО)

Леброн Џејмс ќе ги води Лос Анџелес Лејкерс во финалната серија од НБА лигата против Мајами во битка за титулата. „Кралот“ ќе се соочи со поранешниот тим со кој освои две шампионски титули. За актуелниот состав на Мајами, Леброн има високо мислење. На прес конференцијата пред почетокот на финалето зборуваше најпофално за младиот состав за кој вели игра во одличен ритам постојано без разлика дали губи или добива.

„Во Мајами пораснав и како човек и како играч. Таму научив како да се борам за титулата и како е е да се освои титулата. Научив што е потребно за оваа борба. Но, во овој момент апсолутно не ми е важно против кого ќе играм. Доволно тешко беше да се дојде до овде. Кога сум веќе тука и имам можност да дојдам до трофејот воопшто не ми прави разлика со кого се соочувам“.

На прашањата поврзани со Пет Рајли и за тоа какви чувства и каков став има кон него, Леброн одговори диполматски.

„Пет Рајли е еден од најголемите умови што ги имала кошарката. Тој е дел од шампионатот четири децении. Оваа лига не е иста без него, тој е голем човек и знае како се победува и го покажа тоа низ овие 40 години“. 

„Лејкерс“ по пауза од 10 години се во финалето на Лигата. Во минатата сезона која беше прва за Џејмс, клубот не успеа да обезбеди место во плеј-офот. За Леброн ова е десетто лигашко финале во кариерата.

Се вчитува...