Леброн е „ѕвер“ – има повеќе НБА-финалиња од 27 клубови

Леброн Џејмс со нова неверојатна партија го предводеше тимот на ЛА Лејкерс до триумф во плејофот, триумф што овојпат значеше пласман во големото НБА-финале. „Кралот Џејмс“ го заврши мечот со 38 поени, 16 скокови и 10 асистенции, што е негов четврти трипл-дабл во овој плејоф, прв член на лејкерси што стигнал до четири вакви остварувања во еден плејоф уште по Меџик Џонсон.

Најимпресивно делува податокот дека Леброн Џејмс има повеќе НБА-финалиња од дури 27 од вкупно 30-те клубови кои се натпреваруваат во најсилната лига во светот. За Џејмс ова ќе биде десетта битка за титулата, а пред него се ЛА Лејкерс со 32, Бостон со 21 и Голден Стејт Вориорс со 11 одиграни финалиња во клупските истории. Зад Леброн следат Филаделфија со девет, Њујорк Никс со осум…

„Кралот Џејмс“ стана само четвртиот кошаркар во историјата на НБА со двоцифрен број на финални серии во кариерата. На врвот е Бил Расел со 12, пред Сем Џонс со 11 и Карим Абдул Џабар со 10 финални серии.

Леброн имаше четири трипл-дабл натпревари во плејофот откако наполни 35 години. Сите останати кошаркари кои успеале во вакво нешто имаат вкупно три трипл-дабл средби (по една Џон Стоктон, Крис Пол и Елџин Бејлор).

Едно е сигурно, „кралот“ нема да запре тука, туку ќе се обиде да стигне до нов трофеј, по трите што ги освои во 2012, 2013 и во 2016 година.

Се вчитува...