Леброн ги водеше Лејкерс до победа над Хјустон, Крис Пол испиша историја против Њу Орлеанс

Лос Анџелес Лејкерс во крајно интересен натпревар славеше над Хјустон Рокетс на домашен терен со 119-117. Леброн Џејмс со 30 поени, 10 асистенции и 4 скока беше прво име во таборот на „езерџиите“, додека Ентони Дејвис и Расел Вестбрук додадоа по 27. Кај поразените Кристијан Вуд уфрли 26 поени.

 

Крис Пол испиша историја станувајќи третиот најдобар асистент во историјата на НБА лигата. Пол го водеше Феникс до победа над Њу Орлеанс од 112-100 со 14 поени, 18 асистенции и седум скока. Кај поразените Валанчиунас заврши со 23 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда, Детроит – Милвоки 89-117, Далас – Мајами 110-125 и Јута – Сакраменто 119-113.

Се вчитува...