Паузата во НБА ќе трае уште долго, а во меѓувреме раководството на лигата бара начин како да ги реши платите на кошаркарите во периодот кога ниту тренираат, ниту пак играат натпревари.
Веќе е испратен допис до клубовите, кои треба да им пренесат на кошаркарите дека ратите од договорите предвидени да ги земат на 1 април ќе доцнат околу 15 дена. Се очекува во овој период да биде донесена и конечна одлука околу процентот на плати што кошаркарите ќе го земаат за време на паузата, а Леброн Џејмс ќе биде меѓу најпогодените.
„Кралот“ Џејмс според пресметките на американските медиуми за секој неодигран натпревар до крајот на регуларниот дел од сезоната ќе загуби по 366.000 евра, или вкупно над 7 милиони евра.
Тоа не е голем проблем аако се земе во предвид богатството што овој кошаркар го има заработено низ кариерата, во периодот од 2003 до 2019 година само од договорите со Кливленд, Мајами и ЛА Лејкерс тој инкасираше 245.500.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА