Леброн и Дејвис го добија Хјустон, Милвоки се спаси од метла (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс израмнија на 1-1 во победи во полуфиналната серија од Западната конференција со Хјустон добивајќи го натпреварот број два со 117-109. „Лејкерс“ се одлепија на двоцифрена предност уште во воведната четвртина (36-20) и ја задржаа позитивата и на полувреме иако вториот сегмент заврши израмнето (31-31).

Хјустон тргна кон пресврт во третиот период кој му припадна со 41-23, но во завршната четвртина контролата ја презеде Леброн Џејмс кој беше присутен буквално секаде на теренот и го одведе тимот до израмнувачки тирумф. Леброн постигна 28 поени, сепак прв стрелец беше Ентони Дејвис кој заврши со 34 поени и 10 скока. Кај Хјустон, Џејмс Харден постигна 27 поени, а Расел Вестбрук имаше 10 поени и 13 скока. Следниот натпревар од серијата е в среда.

Милвоки се спаси од брза елиминација откако славеше во натпреварот број четири од источното полуфинале со Мајами и намали на 3-1 во победи. Најдобриот тим на Исток во регуларниот дел славеше во драматичен натпревар, по продолжение со 118-115. Милвоки до победата дојде без првата ѕвезда, Јанис Антетокумпо, кој поради повреда го напушти теренот уште во втората четвртина. До тогаш имаше 19 поени. Крис Мидлтон кој беше клучен за успехот во дополнителните пет минути беше и лидер на листата стрелци со рекорди во кариерата во плеј-оф натпреварите 36 поени. Кај Мајами, Адебајо заврши со 26 поени, Робинсон постигна 20, а Драгиќ 17 поени. Петтиот натпревар е по два дена.

 

Се вчитува...