Леброн и Дејвис како Коби и Шекил, ги одведоа Лос Анџелес Лејкерс до полуфинале (ВИДЕО)

Ентони Дејвис со 43 и Леброн Џејмс со 36 станаа првиот тандем со 35 плус поени во составот на Лос Анџелес Лејкерс во плеј-оф натпревар по Коби Брајант и Шекил О’Нил во 2002 година. Двете актуелни ѕвезди на „лејкерс“ беа суперефикасни во триумфот од 131-122 над Портланд во натпреварот број пет од серијата од првото коло во плеј-офот и го одведоа тимот до полуфиналето на Западната конференција. Си Џеј Меккалум постигна 36 поени кај Портланд кој беше без Демијан Лилард.

Лос Анџелес Лејкерс во конференциското полуфинале ќе играат против победникот од серијата меѓу Хјустон и Оклахома во која „рокетс“ дојдоа на чекор до успех во првото коло откако поведоа со 3-2 во победи триумфирајќи убедливо со 114-80 во петтот натпревар. Џејмс Харден со 31 поен беше лидер во триумфот на Хјустон. Ковингтон постигна уште 22 поени, Гордон 20. Расел Вестбрук на враќањето одигра околу половина натпревар и постигна седум поени.

Претходно и Милвоки обезбеди пласман во полуфиналето на Источната конференција .

Се вчитува...