„Леброн или Џордан? Џејмс да играше во времето на Мајкл…“

Американскиот новинар Макс Келерман смета дека Леброн Џејмс да бил дел од НБА во 90-тите кога беше доминацијата на Чикаго Булс предводени од Мајкл Џордан немал да освои ниту една титула.

„Ќе ви кажам само едно нешто. За време на Чикаго Булс, Леброн немаше да освои шампионски прстен. Да одбере во кој тим сака со кого сака, против Мајкл немаше да има никакви шанси“, изјаив Келерман. 

Џордан со Чикаго Булс успеа да освои шест титули во НБА, додека Леброн Џејмс во колекцијата има три прстени.

Се вчитува...