Леброн: Каде и да отидам тој тим победува!

Леброн Џејмс ги одведе Лос Анџелес Лејкерс во конференциско финале по пауза од 10 години. Последен пат „Езерџиите“ меѓу четирите најдобри екипи во лигата беа во 2010, година во која стигнаа до последната шампионска титула.

„Имам име и стаж во лигава. Кога ќе одлучам да заминам во некој тим, тоа со себе носи голема одговорност. Моето име оди во комбинација со победи. Каде и да отидам, мора да победувам“, изјави Леброн. 

Лејкерс во финалето ги очекува дуел со подобриот од серијата меѓу ЛА Клиперс и Денвер Нагетс

Се вчитува...