Кошаркарскиот репрезентативец на Соединетите Американски Држави, Леброн Џејмс изјави дека не планира да игра за репрезентацијата на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.
Селекцијата на САД ја совлада Франција со 98-87 во финалето на Олимписките игри во Париз, а Џејмс беше прогласен за најкорисен играч на олимпискиот турнир.
„Не, не се гледам себеси како играм на Олимпијадата во Лос Анџелес, но не се гледав ниту како играм во Париз. Следните Игри се за четири години. Не, не можам да се видам себеси на Игрите во Лос Анџелес“, изјави Џејмс.
Џејмс (39) со селекцијата на САД на Олимписките игри освои три златни медали и еден бронзен медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА