Леброн: Нема зошто главата да ми биде наведната…

Леброн Џејмс стори се што можеше за да донесе нова титула во Кливленд, но кавси немаа сили да ги запрат налетите на феноменалниот тим на Голден стејт вориорс, кој заслужено триумфираше со 4-1 во овогодинешната финална серија. „Кралот“ Џејмс на последниот меч постигна 41 поен, 13 скокови и осум асистенции, но и тоа беше премалку, па на најдобриот кошаркар на денешницата не му преостана ништо друго освен да му честита на поквалитетниот противник.

Никогаш не е убаво чувството да се загуби, но јас дадов се од себе на петте финални средби, така што немам зошто да бидам со наведната глава. Да бидеме искрени, Голден стејт е најдобриот тим во НБА во последните три години, минатото лето го доведоа и Дурант, кој во ова финале го покажа своето значење за екипата. Секако дека сме малку фрустрирани, треба малку да ги смириме емоциите, летово ќе има доволно време за анализи, за да најдеме начин да станеме подобар тим следната сезона“ – истакна Леброн Џејмс.

Се вчитува...