Леброн немилосрден против „неговиот“ Мајами, Сан Антонио подобар од првакот

Леброн Џејмс ја одигра најдобрата партија во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, постигна 51 поен во триумфот над неговиот некогашен тим Мајами од 113-97. На гостувањето на Флорида, Џејмс погоди 19 шута од 31 обид, имаше и осум скокови и три асистенции. Резервистот Кентавијус Колдвел Поп имаше добра партија и постигна 19 поени, Кајл Кузма уфрли 15.  „Лејкерс“ имаат биланс од девет победи и седум порази и се на седмата позиција во Западната конференција. Мајами има ефект 6/10 и е во долниот дел од табелата на Исток.

Сан Антонио ја продолжи агонијата на НБА шампионот Голден Стејт кој е во серија од три последовни порази. Спарс му го нанесоа вкупно шестиот сезонски пораз на првакот триумфирајќи во дуелот во Тексас со 104-92. Ламаркус Олдриџ го предводеше Сан Антонио со 24 поени, Демар Дерозен постигна 20 со 10 асистенции. Со триумфот Сан Антониот дојде до позитивен биланс од 8/7 и е на деветтото место на Запад. По третиот последовен пораз, Голден Стејт е на четвртото место во Конференцијата.

Лидерот во Западната конференција, Портланд им се врати на победите тирумфирајќи во дуелот со Вашингтон со 119-109. Демијан Лилард беше креатор на успехот, со 40 поени го предовдеше тимот до 11 победа. Си Џеј Меколум уфрли 25 поени. Портланд има пет порази, еден помалку од Голден Стејт кој има победа плус, но „Трејлблејзерс“ го држат врвот.

 Во неделната програма, победи забележаа и Орландо против Њујорк од 131-117 и Мемфис против Минесота од 100-87.

Се вчитува...