Леброн по стапките на Коби, Лос Анџелес Лејкерс пред конференциско полуфинале (ВИДЕО)

Леброн Џејмс со 30 поени и 10 асистенции ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс со најубедливата победа над Портланд во првото коло од НБА плеј-офот во Западната конференција. „Лејкерс“ славеа со 135-115 во натпреварот број четири и дојдоа на чекор до пласман во полуфиналето на Запад бидејќи веќе водат со 3-1 во серијата од стартната рудна.

Џејмс стана првиот играч на ЛА Лејкерс по Коби Брајант во 2010 година кој во плеј-оф натпревар врзал комбинација од 30 поени и од 10 асистенции. Ентон Дејвис и Кајл Кузма имаа по 18 поени. Кај Портланд, Си Џеј Меккалум имаше исто така 18 поени, прв стрелец беше Јусуф Нуркиќ со 20 поени, а Демијан Лилард застана само на 11 поени. Петтиот натпревар од серијата е в среда.

Потенцијален противник на „лејкерс“ е победникот од серијата меѓу Хјустон и Оклахома во која е 2-2 во победи откако ноќеска Окалхома го доби тесно натпреварот борј четири со 117-114.

Горан Драгиќ постигна 13 од вкупно 23 поени во последната четвртина од пресметката на Мајами со Индијана и го одведе неговиот тим до победа, четврта во серијата од првото коло во Источната конференција и до пласман во полуфиналето. Драгиќ беше и прв стрелец на Мајами. Бам Адебајо имаше дабл-дабл ефект од 14 поен и 19 скока. Кај Индијана, Виктор Оладипо беше нејфикасен со 25 поени. Мајами за протвник во конференциското полуфинале на Исток го чека подобриот од серијата Милвоки-Орландо во која најдобриот тим на Источната конференција води со 3-1. 

 

Се вчитува...