Леброн пред дуелот со Дончиќ – „Човеку… не можев да заспијам цела вечер“

Католичкиот Божиќ секогаш е ден за неверојатни натпревари во НБА лигата. Како еден од главните денеска ќе биде тој меѓу актуелниот шампион Лос Анџелес Лејкерс и Далас Маверикс. Првата ѕвезда на „езерџиите“, Леброн Џејмс вели дека не можел да спие од возбуда поради тоа што токму на Божиќ ќе игра против Лука Дончиќ.

„Човеку, колку се радувам на Божиќниот натпревар! Не можев да спијам од возбуда“, изјави Леброн.

Натпреварот меѓу ЛА Лејкерс и Далас Маверикс е закажан за 2 часот по полноќ по средно европско време.

Се вчитува...