Леброн со големи зборови за Јокиќ: Мене Никола не треба ништо да ми докажува…

Никола Јокиќ и неговиот Денвер нагетс се пласираа во првото историско финале во НБА лигата, откако со „метла“ (4-0) го исфрлија Лос Анџелес лејкерс во финалето на Западната конференција.

Најдобриот кошаркар на Лејкерс, Леброн Џејмс имаше само пофални зборови за српскиот ас. По болниот пораз, Леброн на прес-конференцијата зборуваше за Никола Јокиќ и неговите нереални игри во оваа серија.

На прашањето што научи неговиот тим од Јокиќ во оваа серија, Леброн даде интересен одговор.

„Ништо. Знам колку е голем. Знам колку е голем Џокер. Некои играчи во лигата играат на одреден начин. Тоа е начинот на кој и јас сакам да играм. Тој е еден од нив. Тој гледа потег пред да се случи. А такви кошаркари нема многу во лигата. Мене не треба ништо да ми докажува, на вас, тоа не знам“, изјави Леброн.

Се вчитува...