Леброн спречи пресврт на Дончиќ и компанија во Лос Анџелес

Лос Анџелес лејкерс славеше против Далас со минимални 114-113, натпревар во кој „езерџиите“ имаа целосна контрола се до самиот крај, кога им дозволија на гостите да се вратат од двоцифрена негатива. Лука Дончиќ постигна шест поени во последните три минути и со реализацијата на седум секунди до крајот му помогна на Далас да стигне до израмнување, но последниот збор сепак го имаше Леброн Џејмс, кој со едно погодено слободно фрлање му ја донесе победата на својот тим. Леброн го заврши мечот со 29 поени, додека во таборот на Далас младиот Словенец го заврши натпреварот со 14 поени, пет скока и седум асистенции.

Дерик Роуз го одигра најдобриот меч во својата кариера, со 50 поени предводејќи ја Минесота до триумф над тимот на Јута Џез. Поранешниот ас на Чикаго своевремено беше и МВП, но овој натпревар е првиот во кој 30-годишниот Роуз ја стигнува границата од 50 постигнати поени.

Шампионот Голден стејт славеше над Њу Орлеанс со 131-121, меч што мина во знакот на Стеф Кари и неговите 37 поени, за шеста победа во низа на актуелниот првак.

Резултати НБА:

Бруклин – Детроит 120-119 (по прод.), Чикаго – Денвер 107-108 (по прод.), Минесота – Јута 128-125, Јута – Индијана 101-107, Голден стејт – Њу Орлеанс 131-121, ЛА лејкерс – Далас 114-113, Феникс – Сан Антонио 90-120.

Се вчитува...