Леброн стана сопственик и на тим од МЛБ лигата

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс стана партнер на „Фенвеј спорт груп“, компанија која во своја сосптвеност го има бејзбол тимот на Бостон Ред Сокс.

Бостон глоуб пренесува дека Леброн станал партнер со својот добар пријател Маверик Картер и тие двајца сега ја делат сопственоста на агенцијата. Покрај Ред Сокс поседуваат акции и во НАСКАР тимот Раш Фенвеј, спортската кабловска мрежа „НЕСН“ и менаџерската агенција Фенвеј спорт.

Ова не се први акции на Леброн надвор од кошарката бидејќи тој има два проценти и во сопствеништвтото на Ливерпул.

Се вчитува...