Леброн: Трамп не сака да гледа кошарка, баш ми е гајле

Ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс вели дека воопшту не го погодила изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп дека не ги гледа натпреварите во НБА на кои кошаркарите протестираат. Трамп ги обвини НБА кошаркарите за непочитување поради клечењето во текот на интонирање на националната химна.

„Не верувам дека некој во кошаркарскиот свет е тажен поради тоа што изгубивме еден гледач. Можам да кажам во име на сите кои ја сакаме кошарката дека баш ни е гајле“, изјави Леброн. 

Кошаркарот на Лејкерс додаде дека е среќен поради тоа што во борбата за еднаквост и крај на расизамот во САД имаат целосна поддршка од јавноста.

Се вчитува...