Лече беше само лесен тренинг за Елмас и Наполи

Елиф Елмас повторно беше стартер за Наполи, а неговиот тим рутински прокнижи уште три бода, овојпат на гостувањето против Лече со убедливи 1-4. Карло Анчелоти реши да го изротира тимот по напорниот меч со Ливерпул во ЛШ, но тоа воопшто не се одрази врз изданието на „наполитанците“, кои рутински стигнаа до цел плен. Во главна улога беше Љоренте, кој постигна два погодоци и учествуваше во акциајта по која Инсиње од пенал зголеми на 0-2.

Еден погодок беше дело и на Фабијан Руиз, а Елмас одигра стандардно добро, остана на теренот до 74. минута, кога беше заменет со Калјехон.

Многу интересно беше во Болоња, каде домашниот тим по голема битка загуби од Рома со 1-2. Коларов од слободен удар ги донесе гостите во водство, „болоњезите“ успеаја да израмнат, а голот за победа на „волчицата“ го постигна Един Џеко во 94. минута.

Резултати Италија:

Болоња – Рома 1-2, Сампдорија – Торино 1-0, Лече – Наполи 1-4.

Се вчитува...