Лече го обновува интересот за Несторовски

Тимот на Лече се интересира за голгетерот на Удинезе, Илија Несторовски, пренесуваат италијанските медиуми. Трансферот на Несторовски во Лече беше актуелен уште пред да се пресели во Удинезе, меѓутоа тогаш се реши за Удине. Во 2019 година, се појави информација дека Лече ги сака во „пакет“ Несторовски и Трајковски, тогаш играчите кои беа без ангажман, по распадот на Палермо и преселбата во најнизок ранг.

Несторовски исто така е „мета“ и на Парма, и на други клубови. Тој по враќањето од тешката повреда повеќе шанса чека на клупата, отколку што е во првите 11, па можно е наскоро да ја смени средината.

Договорот на македонскиот интернационалец истекува на крајот од сезоната, но можно е да замине уште во јануарскиот преоден рок.

Во Лече минатата сезона настапуваа двајца македонски интернационалци. Едниот од нив беше Бобан Николов кој потоа замина во Шериф, додека Леонард Жута на почетокот на сезоната замина во Валеренга во Норвешка.

Се вчитува...