Лече го сака Нестор-гол како адут во Серија А

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е трансферна цел на новиот италијански калчолигаш Лече, откриваат медиумите на Апенините. Раководството на овој клуб посакува да го доведе Нестор – гол во тимот како голем адут за настапите во Серија А. За него постои интерес и од Фиорентина и најверојатно ќе го напушти Палермо во овој преоден рок.

Палермо е во голема криза, во судски лавиринт, беше исфрлен во Серија Ц, но потоа и вратен во второлигашкото друштво на Апенините, а раководните луѓе се обвинети за даночно затајување и перење пари.

Несторовски е еден од големите адути и на селекторот Игор Ангеловски за претстојните два квалификациски натпревари, против Полска вечерва на арената „Тодор Проески“, и против Австрија на 10 јуни.

Се вчитува...