Лече победи по нецели два месеци

Фудбалерите на Лече значително си ги зголемија шансите за опстанок откако вечерва на гостински терен славеа над Пиза со 1-2. Пиза веќе беше испадната, Лече не знаеше за победа уште од 8 март, но гостите сепак најдоа начин да стигнат до посакуваните три бода, со што сега имаат „плус четири“ (и меч повеќе) во однос на Кремонезе.

Сите возбудувања на денешниот дуел можевме да ги проследиме во второто полувреме, Лече прв поведе преку Банда, Пиза израмни преку Лерис, а Кедира со гол во 65. минута беше херојот на гостите на овој натпревар.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...