Лечиќ знае како треба: Земете ги парите од криминалците, дајте ги на спортистите

Легендарниот македонски кошаркарски тренер, Лазар Лечиќ, денеска полни 80 години, а во своето роденденско интервју за српскиот весник „Телеграф“ популарниот „Грк“ се осврнува на минатото и на успесите во својата богата кариера.

„Кога ќе се каже зборот кошарка, веднаш ме асоцира на два збора – голема љубов. Јас почнав во Белград, ја минав школата кај Професорот Александар Николиќ, се вратив во Скопје, стартував со јуниори и стигнав до крајот… извадив неколку генерации. Добро познато е дека во Македонија е тешко да се најде висок играч, па центрите ги наоѓав во Белград и во Црна Гора. Горд сум што во Македонија први воведовме пресинг во одбраната, нешто што го видов во хокејот и го прилагодив на кошаркарските правила. Колку успеав – најдобар доказ е податокот дека Работнички беше екипа со најмногу украдени топки во југословенската лига“ – вели Лечиќ.

Според него, главен проблем во модерната кошарка, пред се на овие простори, е фактот дека клубовите ги водат недоволни кадарни луѓе.

„Клубовите се под водство на луѓе кои мислат дека тоа е бизнис, како обична фирма. А не е таа, бидејќи кошаркатаљ бара време, трпение, правилна селекција, многу години напорна работа. Тоа веќе го нема, тренерите не ја добиваат поддршката, за нивната идеја да може да се реализира. Во мое време се веруваше кога ќе се каже зборот „струка“, а тренерот ссекогаш го имаше последниот збор. Сега сме далеку од тој пат, а враќањето на вистинскиот пат може да се случи само кога ќе ја баталиме политиката, ќе имаме мир и стабилност и кога парите ќе се земат од криминалците и ќе им се дадат на спортистите“ – порачува Лазар Лечиќ.

Се вчитува...