Алба со предупредување до Мбапе и Халанд: Дортмунд и ПСЖ не се исти како Реал или Барса

Во претстојното лето се очекува двајцата најдобри млади играчи Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе да ги променат клубовите.

Покрај Мбапе и Халанд се поврзува со Реал Мадрид, но во игра е и Барселона, а фудбалерот на Каталонците Жорди Алба испрати предупредување до младите фудбалери.

„Мбапе и Халанд? Не можам да кажам кој од нив е подобар, но знам дека играњето за Дортмунд и ПСЖ не е исто како да играте за Барселона и Реал, станува збор за двата најголеми клубови“, изјави Алба.

На Французинот му истекува договорот со ПСЖ и бесплатно би требало да се пресели најверојатно во Реал Мадрид. Ситуацијата кај Халанд е нешто повеќе комплицирана, Норвежанецот има договор со Борусија Дортмунд, но во него постои откупна клазула од 75 милиони евра.

Се вчитува...