Легенда на Наполи: Икарди, оди во бестрага!

Легендарниот Карека, Бразилецот кој осумдесеттите години доминираше со Диего Марадона во Наполи остро го нападна Мауро Икарди.

Аргентинецот заминува од Интер, а Наполи до утре му даде ултиматум да одлучи дали сака да дојде во нивните редови.

„И натаму го чекаме неговиот одговор? Ако не сака да дојде, не оди нека се носи во бестрага. Да сум газда на Наполи ни секунда време не би потрошил на него“ – вели Карека кој постигна 96 гола во 221 натпревар за Наполи од 1987 до 1993 година, донесувајќи им Скудето и Купот на УЕФА.

Се вчитува...