Легенда на „старата дама“ го менува Ањели на чело на Јувентус

Легендарниот италијански фудбалер, Алесандро дел Пјеро најверојатно ќе биде замената за Андреа Ањели на директорското место во се уште актуелниот шампион на Италија, Јувентус, пренесуваат медиумите на Апенините.

Голем е притисокот од јавноста врз Ањели кој се уште е за формирање на Суперлигата. Целиот проблем со новото натпреварување и по се изгледа на крајот пропаднатиот проект доведува до тоа тој да го напушти местото директор на Јувентус.

Дел Пјеро е една од најголемите на клубот од Торино во кого помина цели 19 години. За „старата дама“ запиша 513 настапи на кои постигна 208 гола.

Се вчитува...