Легенда: Пау Гасол со 40 години ќе игра за првиот трофеј во Евролига, тренер му е поранешниот соиграч

Денеска започнува „Фајнл 4“ турнирот во Евролигата во кој Барселона во полуфиналето ќе се сретне против италијанскиот гигант Олимпија Милано. Каталонците се фаворити за овој освојување на круната во најсилното кошаркарско натпреварување во Европа, а ќе можат да сметаат и на услугите на преискусниот Пау Гасол.

Легендарниот шпански кошаркар по 20 години поминати во НБА лигата се врати во клубот од каде што потекнува, а интересно е тоа што во походот кон првата титула во Евролигата за тренер ќе го има својот поранешен соиграч, Шарунас Јасикевичиус.

„Тој отсекогаш беше сјаен играч, прав лидер. Играше со многу страсти и емоции. Сега е тренер и обраќа внимание на разни други детали, се фокусира на работите кои можеби и не ги имаше кога беше играч. На тоа колку е битна добрата одбрана, физичката игра, покривање на просторот, комуникација… Се обидува да биде дисциплиниран во односот со нас и се обидува да ни доволи колку секој посед е важен“, изјави Шпанецот.

Искусниот Гасол ја знае тежината на овие дуели, за кои вели дека не се нималку слични со оние од регуларниот дел од сезоната.

„Да стигнете до Ф4 воопшто не е лесно, без обзир од која позиција ќе стигнете таму. Успех е самото доаѓање тука. Ова е посебен момент, се осеќаме сјајно, но и не сакаме да застанеме тука. Мораме да бидеме фокусирани повеќе отколку што бевме во текот на сезоната“, додаде Гасол.

Се вчитува...