Легендарен играч на Италија, нов тренер на Фиорентина

Фиорентина ја остави зад себе турбулентната сезона во која „виолетовите“ наместо за висок пласман се бореа за опстанок, па клубот од Фиренца се реши за нова тренерска смена.

За нов кормилар на „виолетовите“ денеска и официјално беше избран Фабрио Гросо, легендарниот лев бек кој беше дел од шампионската генерација од 2006 година. Гросо минатата сезона го водеше Сасуоло, тим што играше одличен фудбал и со лимитиран состав го освои 11. место на табелата, што беше препорака Фиорентина да тргне по него, преговорите завршија успешно и денеска беше потпишан двогодишниот договор меѓу двете страни.

„Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот, особено на претседателот Џузепе Комисо, за укажаната шанса да ја предводам Фиорентина. Воодушевен сум од можноста што ми е дадена, да бидам дел од вака престижен клуб со страствени навивачи. Не сум човек што сака да дава ветувања, но гарантирам дека од првиот ден овде ќе работам максимално професионално и посветено, за да ги оствариме зацртаните цели“, истакна Гросо.

Сасуоло на местото на Гросо доведе уште еден поранешен италијански репрезентативец, Алберто Аквилани, кој пристигна од второлигашот Катанцаро.

Се вчитува...