Една од најуспешните скијачки на сите времиња, Лара Гут-Бехрами, ја заврши својата кариера на 35-годишна возраст.
Ваквата вест беше очекувана, бидејќи скијачката од Тичино претходно изјави дека сезоната 2025/26 ќе биде последна во која ќе се натпреварува. Сепак, таа не можеше многу да настапува во неа бидејќи се повреди уште во ноември.
Таа најпрво го освои третото место во велеслалом во Зелден, Австрија, пред да падне и сериозно да го повреди коленото за време на тренинг во Колорадо.
„Имав среќа и чест да имам долга кариера, да можам да ги остварам своите соништа и желби преку скијањето и да го доживеам тоа патување со прекрасни луѓе. Ова е момент кога повеќе не морам да инсистирам на тоа да ги надминувам своите граници по секоја цена“, изјави Лара Гут-Бехрами.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
